Кривична за стружанец кој фалсификувал потпис од градоначалник
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување на исправа“ и „ употреба на исправа со невистинита содржина“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.А. (48) од струшкото село Заграчани, вработен во општина Струга.

Во периодот од април 2015-та до јануари 2016-та година, пријавениот во својство на службено лице вработен во општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од вработен и овластен работник во одделот за финансии во општина Струга, побарал да му изготви уплатница ПП-60 од општината за плаќање према адвокат, на износ од 5000 денари.
Откако противправно ја побарал и ја добил уплатницата, П.А. неовластено ставил печат од општината а потоа го фалсисикувал потписот на градоначалникот на општина Струга, по што, уплатницата ја предал во Секторот за финансии за понатамошно постапување.
Во истиот период, П.А. изготвил решение за распоредување и определување плата на лице за државен службеник на кое, повторно го фалсисфикувал потписот на градоначалникот на општина Струга. Решението со невистинита содржина го предал за натамошна постапка.