Skip to main content

Кривични пријави за двајца секачи од струшко

Двајца секачи на дрва од струшкиот огранок на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ заработија кривична пријава за кражба на дрва. Двајцата, наместо за претпријатието, дрвата си ги складирале за своите домови.

 |  Голабовски Крсте  | 
свр

Двајца секачи на дрва од струшкиот огранок на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ заработија кривична пријава за кражба на дрва. Двајцата, наместо за претпријатието, дрвата си ги складирале за своите домови.

svrПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, СВР Охрид и Регионален Центар за Гранични Работи-Запад, поднесоа кривична пријава против Е.К.(28) и Г.К.(21) двајцата од струшкото село Шум.

Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид, соопшти дека во текот на септември и октомври годинава, пријавените против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва во шумскиот реон 46-а, над селото Вишни во близина на месноста Три Шилки.
Тоа го направиле во својство на работници со договор за дело за ЈП „Македонски шуми-шумско стопанство Јабланица“ од Струга ангажирани како секачи и дотурувачи на дрва. Тие, со цел за себе да прибават противправна имотна корист, спротивно на правилата за експлоатација на шумите, против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва.

При контрола на тимови од службеници во шумската, граничната и криминалистичката полиција од Струга, најнапред пронајдени се 14 а дополнително и останатите 18 метри просторни дрва, извршен е увид и изготвен записник за направена штета.