Кривична пријава против 19-годишник за „вонбрачен живот со дете“ во Струга
При претрес со судска наредба во домот што го користел пријавениот во Струга, тој бил затекнат со 16-годишна малолетничка од Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Според информациите од полицијата, на 8 септември 2026 година, со судска наредба бил извршен претрес во домот што го користел пријавениот во Струга. При претресот, тој бил затекнат со 16-годишна малолетничка од Скопје.
Малолетничката била предадена на претставници на Центарот за социјална работа во Струга за понатамошно постапување.



