СВР Охрид
Кривична пријава против две лица за предизвикување пожар во струшко Франгово
Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга
Струшката полиција поднесе кривична пријава против две лица, жител на селото Франгово и албански државјанин, поради „предизвикување општа опасност“, соопшти денеска СВР Охрид.
Лицата, ангажирани од месната заедница на Франгово да го чистат просторот околу селото, го собрале сметот и несовесно го запалиле.
Според СВР Охрид, 50-годишниот Б.И. од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија предизвикале пожар.
– Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски.
foto – Архива ТВМ