Skip to main content

Кривична пријава против градоначалникот на општина Струга поради сомнение дека незаконски разрешил директор на училиште

Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од Државниот просветен инспекторат, стои во соопштението од МВР.
 |  инфодеск  | 
Општина Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66) од струшкото село Биџево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, информираа од МВР.

– Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование, донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор.Тоа го направил иако знаел дека ново назначеното лице нецелосно ги исполнува условите пропишани во член 118 од Законот за основно образование. Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од Државниот просветен инспекторат, стои во соопштението од МВР.