Skip to main content

Вршел јавен превоз без лиценца

Кривична пријава за жител на Драслајца

Кривична пријава за 53-годишен жител на струшкото село Драслајца за вршење јавен превоз без лиценца, информираат од СВР.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(53) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.

При контрола, извршена на 09.07.2022 на булеварот ,,Железничка” во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган според Законот за превоз во патниот сообраќај – информираат од СВР Охрид.