Skip to main content

Мвр билтен

Кривична против жител на Калишта за бесправно градење

Кривична пријава за 69-годишен жител на Калишта кој во својство на инвеститор започнал со изведување на доградба на деловен објект, спротивно на основниот проект.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(69) од село Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење”.

Во февруари 2022 во Струга, пријавениот во својство на инвеститор започнал со изведување на доградба на деловен објект, спротивно на основниот проект – информираат од МВР.