СВР Охрид
Кривична за ресенчанец кој покажувал порнографија на малолетници од Струга
Тој, според полицијата, споделил порнографски материјали преку видео повик на апликацијата вибер.
| Маја Савиќ | Струга
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39 годишен жител од Ресен поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „прикажување порнографски материјал на дете”, информираат од СВР Охрид.
“Тој, на 19.03.2023 на повеќе малолетници на 11 – годишна возраст од Струга, преку видео повик на апликацијата Вибер, им покажувал недолични содржини.” – се вели во соопштението од СВР Охрид.