Skip to main content

Кривична пријава против две лица и фирма од Велешта за нелегална експлоатација на минерални суровини и загадување на водата во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица и правен субјект од Велешта, кои се сомничат за нелегална експлоатација на минерални суровини и загадување на водата за пиење од изворите во село Шум.
 |  инфодеск  | 
Овр Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.

Пријавените, на повеќе катастарски парцели во лична и во сопственост на други лица, како и на неколку парцели во државна сопственост, вршеле незаконит ископ и експлоатација на минерални суровини без важечки договор за концесија.

Нелегалните ископи ги извршувале во непосредна близина на изворите за вода во струшкото село Шум, од каде градот Струга се снабдува со вода за пиење.

Со тоа, како што е наведено во пријавата, придонеле за директно загадување и заматување на водата за пиење, при што вредностите биле над 30 пати повисоки од дозволеното.

На тој начин предизвикале долготраен прекин во водоснабдувањето и забрана за користење на водата за пиење, за одржување на лична хигиена и хигиена на раце.