Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга.
На 12.02.2023 околу 11 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св. Еразмо” со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.