Кривични пријави за малолетните хулигани
Полицијата ги идентификува лицата кои ја иницираа тепачката пред три дена во Струга.
Во тепачката се вклучиле и останатите ученици. Врз нападот на повредените ученици, се вклучиле и други ученици кои биле во групата на пријавените, а при тоа со метална шипка во пределот на главата бил удрен еден од учениците кај кого се констатирани лесни телесни повреди. Со лесни телесни повреди се здобил и Б.П. ученик од истото училиште. Со цел расветлување на случајот, во Полициската станица, Струга на разговор, повикала 24 лица ученици од училиштето како и дополнително со 9 лица е обавен разговор за околностите кои претходела на тепачката.
Полициските службеници преземаат дополнителни мерки за откривање на инволвирани и други ученици во овој настан, по што ке бидат поднесени прекршочни пријави изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На денешната прес конференција беа објавени целосните имиња и презимиња на иницијаторите на тепачката, но ТВМ ги објавува само нивните иницијали затоа што станува збор за малолетни лица.
{loadposition content9}