Криза во струшкиот Совет
Никако да профункционира струшкиот Совет. Денешната втора по ред седница само што почна, заврши, односно откако советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата, после првата дискусија на останатите советници, истата се одложи.
Криза во струшкиот Совет. Само што почна втората седница, на Советот на општина Струга советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија. Според координаторот на советничката група Перо Петкоски, предлог точките на дневен ред биле обемни и тие немале време да се подготват за истите.
„Исто така Комисиите не беа формирани точките не беа разгледани па прво беше даден предлог да се формираат комисиите, а ние сметаме дека не треба да се избрзува околу формирањето на комисиите.
Изненади тоа што советниците на СДСМ кои се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ останаа на седницата. Ставот на координаторот на СДСМ Ристо Ќушкоски е дека советниците на ВМРО – ДПМНЕ, тоа го направиле од принцип а не биле претходно договорени.
„Јас сум во принцип секогаш да наоѓаме компромис за се, мислам дека и сега ќе најдеме компромис и за во иднина да функционраме нормално во интерес на граѓаните на општина Струга“.
„Не се памети во Струга три месеци после конститурањето на Советот ние да немаме претседавач и тоа е недопусливо за еден град како што е Струга, каде има динамичен живот и развиен правен промет“, изјави Ардиан Демири од Националната демократска партија на Руфи Османи.
„Мислам дека на овој начин со тоа што ние не успеавме да најдеме решение, конкретно за името на претседавачот на општина Струга мислам дека праќаме една лоша и погрешна порака и до нашите граѓани и пошироко“.
Првиот човек на општина Струга Зијадин Села рече дека нема да ги коментира одлуките на другите политички партии. Додава дека на самиот почеток од неговиот мандат јасно на сите им ставил до знаење дека ќе го почитува Советот кој треба да работи во интерес на граѓаните на општина Струга.
„Зошто кажувам дека советот треба да работи во интерес на граѓаните, пример денес ни се одземени од буџетот на општина Струга 6 милиони денари или 100 000 евра. Тоа се пари на граѓаните на општина Струга кои се одземени од страна на централната власт. Ова е веќе 400 000 евра кои централната Власт ги одзема. На Охрид му се даваат пари од Министерството за финансии а на Струга им се одзема а 90% од инвестицијата на кредитот на Проаква е направена во Охрид па видете ја сега вие логиката која е“.
Според текот на настаните на втората седница на струшкиот Совет се наметнуваат неколку прашања: Дали се разнишува коалицијата „Заедно за Струга“, дали ќе опстои струшкиот Совет или ќе има нови избори за советници на општинскит Совет.
{loadposition content9}