Кучињата скитници повторно се ноќна мора за стружани
Директорот на Јавното претпријатие Комунално се жали оти зголемениот број на кучиња скитници се должи на тоа што истите во Струга се носеле од други градови.
куче

Струга сеуште е преплавена со кучиња скитници. Во градот, ги има на секаде. Како што велат граѓаните, опасните зони се повеќе се множат. Глутници кучиња се шетаат по целиот град. Граѓаните укажуваат на опасноста која би можеле да ја предизвикаат кучињата скитници.
Советот на општина Струга уште минатата година донесе одлука за решавање на овој проблем. Советниците едногласно ја прифатија истата со цел заедничко дејствување за да се намали бројот на кучињата скитници. Тогаш Директорот на Јавното Претпријатие „Комунално“,Ваљон Џила најави заедничка акција со ловното друштво од Струга, за убивање кучиња. Најавено беше дека сите вакви животни прво сите ќе се соберат а потоа ќе се убиваат со инекции, но од тоа до дене нема ништо. Директорот ветува дека акција за намалување на бројот на овие животни че биде превземена за скоро време.
„Еве ќе им ветам на граѓаните дека ЈП.Комунално конечно ќе организира акција за фаќање на кучињата. Имаме информации дека во Струга е зголемен број на овие животни, бидејќи кучиња скитници се носат од други градови“-истакна директорот Џила.
Инаку, пред речиси две години во Струга се реализира акција за решавање на проблемот со кучињата скитници преку кастрација. Иако екипите се обидоа да го намалат бројот на ваквите животни сепак се чини кучињата скитници се повеќе ги има.

{loadposition content9}