Кус дневен ред, малку полемика
Четиринаесетата седница на советот на Општина Струга помина со брзина на светлината.
Седница
Советниците за помалку од два часа прелетаа преку 12-те точки од дневниот ред. Најмногу дискусија предизвика предлог правилникот за определување локации за поставување сезонска опрема.
Со еден збор неинтересно 14-то издание на струшката седница на советот. После куса дебата околу доставување на службениот гласник во пишана форма и дали е тоа потребно или не, дневниот ред на седницата беше збогатен со уште две точки. Доста внимание предизвика дискусијата околу донесување на предлог одлуката за донесување локални урбанистички документации, а посебно изгласувањето на предлог правилникот за определување локации за поставување сезонска опрема. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со став дека во Струга по ова прашање владее хаос. Момчило Аврамоски кажа дека за подобро решавање на овој проблем, потребно е да бидат дополнително вклучени уште двајца инспектори.
„За летната туристичка сезона која е пред нас треба да побараме помош од сите останати инспекциски служби, доколку сакаме да имаме контрола на теренот“, потенцира Аврамоски.
Од пратеничката група на ДПА пак, со поинаков став дека сега е доцна за воведување ред пред сезоната. Но и двете пратенички групи согласни околу тоа дека одлуките на советот треба да се почитуваат, а не само да се донесуваат. Во врска со непочитувањето на одлуките на советот, како пример беше посочена моменталната ситуација со урбаната опрема поставена долж кејот како и онаа поставена во старата чаршија. Една од точките која беше додадена на дневниот ред беше и онаа за непочитување на одлуката на Советот за зголемување на цените на услугите на ЈКП „Комунално“, во месец август која подоцна беше променета. Со одлука на советот, ќе се бара објаснување од ова комунално претпријатие за цените по кои се наплаќаат услугите.
{loadposition content9}