Skip to main content

Лауреатот на СВП Монгани Вали Сероте допатува во Струга

Во Струга се е подготвено утревечер да отпочне 51-то издание на Струшките вечери на поезијата.

 |  Валентина Неловска  | 
serote
serote

Во Струга се е подготвено утревечер да отпочне 51-то издание на Струшките вечери на поезијата. На годинашниот Фестивал ќе учествуваат околу 120 поети од земјава и од странство. Годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, веќе е во Струга, рече претседателот на Управниот одбор , поетот Славе Ѓорго Димоски. Зборувајќи за поезијата на  Сероте , Ѓорго Димоски истакна дека јужноафриканскиот  поет бил и политички активист. Тој за време на апартхејдот бил изложуван на репресии и бил затворан. Неговата борба се одсликува и во неговата поезија, рече Ѓорго Димоски.

Slave G.Dimoski„Станува збор за една ангажирана поетика која дава слика од времето на апартхјдот , но има и втор дел во таа поезија од периодот кога живеел во САД и Англија. Таму прави симбиоза меѓу јужноафриканскито сензибилитет и поетски звук со модерните европски текови“.

Директорот на СВП, Мите Стефоски, за годинешното издание кажа дека ќе ги следи  доследно традицијата и позитивните искуства од досегашните програмски содржини. Но, се воведуваат и новини во поглед на местата на кои ќе се одржуваат поетските читања. Како новина на Фестивалот беше промовирано фестивалското знаме,  на кое како мотиви се претставени Златниот венец на СВП и земјината топка со поетските меридијани.
Мите Стефоски, директорот на СВП се осврна и на подготовките околу  поетската манифестација.

zlaten venec „Подготовките околку сметсувањето, органзиацијата и сите активности кои претходат на изаднието кое почнува утре се завршени. Очекуваме успешно издани на ниво како и на сите досегашни изданија“.

Во рамките на фестивалското издание на СВП се промовирани и 8 поетски изданија. Денес, беше објавено и името на добитникот на наградата за најдобра книга поезија напишана на македонски јазик, која ја доделува Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Ивица Челиковиќ од Шведска со книгата поезија „Праг и огледало“е добитник на наградата „Стојан Христов“.

{loadposition content9}