Skip to main content

Сет обуки за млади

Летен младински камп 100 % Црвен крст

Целта на кампот беше зајакнување на капацитетите на новоизбраните раководни структури во Клубовите на млади.
 |  инфодеск  | 
Летен камп

Во период од 19-ти до 25-ти јули во Струга се реализираше уште едно издание на летниот младински камп „100% Црвен крст“ во организација на младите на Црвениот крст на Република Македонија. На кампот учество зедоа претставници од 32 клубови на млади од територијата на РМ.

Летен камп

Целта на кампот беше зајакнување на капацитетите на новоизбраните раководни структури во Клубовите на млади.

Летен камп

Преку сет од обуки младите се стекнуваа со знаења и вештини за организирање на младите во своите клубови, одржување на состаноци, креирање на активности, ефективно пренесување на информации, подобро запознавање со структурата и активностите на националното друштво, поднесување на иницијативи на локално и национално ниво, креирање на годишни планови и извештаи, запознавање со релевантни документи кои ја уредуваат работата на младите во рамките на Движењето, Националното друштво и државата.

Летен камп

Младинскиот камп претставува голема можност за сите млади да се стекнат со вештини, да добијат неизмерна мотивација за работа, а и секако во целиот процес да се стекнат со пријателства и сеќавања вредни за паметење.

Летен камп