Оваа година во рамките на програмата на Вевчанската ликовна колонија „Вевчански видувања” ќе се реализира летна ликовна школа за деца, којa што ќе им овозможи на младите слободно да ја изразат својата креативност и истовремено да ги развијат своите уметнички вештини.
Со почеток на 27 јуни, понеделник, летната школа ќе ја води реномираниот уметник Лара Ташковска и ќе трае една недела, односно до 4 јули, во паркот на Ресторанот „Виа Игнација“ – Вевчани. Учеството ќе биде бесплатно, а организаторите ќе ги обезбедат сите потребни материјали и услови за творење и развивање на креативно учење на нашите дечиња. Учесниците ќе бидат поделени во неколку групи во зависност од возраста, а дневно ќе имаат по два училишни часови со времетраење од вкупно 90 минути – информираат организаторите.
За сите дополнителни информации како и пријавување (најдоцна до 15 јуни) јавете се на +389 (0) 70 351 835.