Skip to main content

Новата летна туристичка сезона, вистински тест за нашите хотелиери

Некои помалку, некои повеќе подготвени да се фатат во коштец со предизвикот кој експертите го најавуваат за ова лето. Останува да видиме дали навистина најспособните ќе опстојат на туристичкиот пазар.

 |  Крсте Голабовски  | 
Drim
Дрим

Некои помалку, некои повеќе подготвени да се фатат во коштец со предизвикот кој експертите го најавуваат за ова лето. Останува да видиме дали навистина најспособните ќе опстојат на туристичкиот пазар.

 Вистинскиот тест за охридските и струшките хотелиери допрва претстои. После и не така бериќетното финале од минатата година, кога за новогодишните празници само некои од хотелите можеа да се пофалат со исполнети капацитети, следува сезона за која експертите кои се занимаваат со туризам, велат дека ќе биде една од најтешките. Не остана недопрена точка во економијата што од глобалната економска криза, што од онаа која дома си ја имаме, вклучувајќи ги тука туризмот и угостителството. Презентацијата на нашата туристичка понуда на некои од саемите во регионов и Европа, сега засега е единствениот начин надвор да биде виден нашиот туристички производ. Биљана Тодоровска, менаџер на продажба во Хотел „Дрим“ од Струга, вели дека резултати од посетата на саемите има, но тие може да се очекуваат долгорочно.

Од овој хотел, подготвени за претстојната летна сезона и предизвикот за оваа сезона. Програмата со вообичаените содржини кои ќе им се нудат на туристите останува. Следуваат помали инфраструктурни зафати на терасите на хотелот, се со цел да се излезе во пресрет на барањата на холандските туристи за летната сезона. Тодоровска потенцира дека нивната интенција е хотелот успешно да функционира 365 дена во годината. Со неколку добри идеи и многу труд, тоа е возможно. Ако есенскиот дел од сезоната е резервиран за таканаречениот конгресен туризам, останува уште да се најде решение за периодот кој следи после новогодишните празници. Решавање на проблемот со овој, таканаречен мртов дел од сезоната, е можно и од хотелот работат на тоа. Наскоро треба да започне изградбата на спа центарот во делот од некогашниот затворен базен.

Остануваат најавите дека покрај, холандските туристи ова лето во охридските и струшките хотели, ќе бидат угостени и гости од Русија, Финска , Израел, Хрватска и Словенија. Од менаџментот на „Дрим“ очекуваат позитивни резултати од нововоедениот чартер лет Охрид- Загреб. Од април до октомври годинава компанијата „Адриатик“ ќе ги носи гостите од бившите југословенски простори. Државата и понатака не е многу дарежлива кон туризмот. Ги намали и онака скромните средства од буџетот, наменети за поддршка на оваа стопанска гранка, па нашите хотелиери ќе треба да се снаоѓаат како знаат и умеат.

{loadposition content9}