Љубезни додека добијат пари, а потоа арогантни
Потрошувачите реагираат на непочитување на нивните права.
Од советодавното место за заштита на потрошувачите при општина Струга велат дека арогантниот одност на продавачите кон потрошувачите е најчесто причина поради која реагираат тие до нив.
Тие пак, како најљубезни ги истакнуваат продавачите на пазарот. Тезгаџиите се крајно внимателни како се однесуваат кон своите муштерии.
Дел од понудувачите или продавачите знаат колку е значаен коректниот однос кон потрошувачите и многу внимаваат како да привлечат муштерии.
Доколку во било каков случај, потрошувачите наидат на некоректен однос од продавачите или пак се оштетени, тогаш тие имаат право да се обратат до советодавното место за заштита на потрошувачите.
Од таму превземаат мерки, пријавувајќи ги случаите до надлежните инспекторати. Ваквите забелешки граѓаните на Струга можат да ги пријавуваат во просториите на општината, каде воедно се канцелариите на советодавното место за заштита на потрошувачите.
{loadposition content9}