Повеќе од 24 часа на терен беа екипи на Територијалната против пожарна единица од Струга.
Наши екипи беа на терен, работеа на локализирање на пожарот, а заврна и малку дожд, кој помогна во целосно ликвидирање – изјави за МИА командирот на ТППЕ – Струга, Фети Мазари.
Огнените јазици предизвикаа паника кај жителите од викенд населбата Елен Камен, поради проширување кон куќите. Силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата на пожарникарите и ги ширеше пламените јазици.
Извор/MИА