Skip to main content

Лоши услови за полагање

Идните струшки и охридски возачи на исти терен со исти резултати. Паѓаат на гаражи. Како причина за тоа ја наведуваат лошата состојба на единствениот полигон за обука и полагање во Струга.

 |  Билјана Николовска  | 
poligon
Полигон
poligonИдните струшки и охридски возачи на исти терен со исти резултати. Паѓаат на гаражи. Како причина за тоа ја наведуваат лошата состојба на единствениот полигон за обука и полагање во Струга.

Кандидатите за возачки испит често паѓаат на гаражи. Единственото место каде се одржува дел од обуката и полагањето гаражи, е полигонот во Струга. Тие не сакаа јавно да зборуваат пред нашата камера, но, барајќи ја правдата наведуваат многу неправилности и не знаат каде лежи вината.
Полигонот за полагање на дел од возачкиот испит гаражи, во Струга е во лоша состојба. Патоказните линии слабо се познаваат, а на добар дел од полигонскиот простор има и многу дупки. Како причина за паѓање на кандидатите не е исклучена оваа околност. Кандидатите имаат слаба прегледност на линиите на теренот, а полукружното свртувалиште скоро и не се препознава каде е. Наместо ние да добиеме одговор од Сојуз на возачи Струга, зошто не го одржуваат полигонот, од таму не прашаа кој не испратил нас па дури ни сугерираа дека подобро би било да не креваме прашина.
Од друга страна пак, во Охрид има полигон за иста намена со цела потребна техничка документација, но не е во функција.
„Тој сеуште чека амин од Министерството за транспорт и врски и од МВР“,вели Сашо Алчев, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.
Од СВР Охрид велат дека дополнително ќе се произнесат околу овој проблем кој евидентно постои.
Инаку, на оваа тема не беа расположени да зборуваат ниту инструкторите и сопствениците на Авто школите во Струга и Охрид. Она што успеавме да дознаеме од некои од нив е дека редовно месечно плаќаат околу 6000 денари за користење на просторот.
{loadposition content9}