Македонија без лабoраторија за испитување на квалитетот на производите
Квалитетот на белата техника што се продава во нашата земја сеуште не се испитува во современа лабoраторија. Засега, купувачите при изборот на производите не можат да бидат сигурни колку она што го купуваат е безбедно и квалитетно.
бела техника
Квалитетот на белата техника што се продава во нашата земја сеуште не се испитува во современа лабoраторија. Засега, купувачите при изборот на производите не можат да бидат сигурни колку она што го купуваат е безбедно и квалитетно. Според најавите од пазарниот инспекторат наскоро ќе се оформи современа лабораторија за испитување на производите и во нашата земја.
„Тоа ќе биде голема придобивка за купувачите. Нема да се среќаваат случаи на небезбедни производи“ нагласува Бошалески.
Владата веќе дала зелено светло за лабараторијата, формирано е и одделение кое ќе ја прати целата постапка. Преостанува уште да се издвојат буџетски средства за оваа намена. Дотогаш пазарниот инспекторат најавува засилена контрола на продавниците за бела техника и детски играчки според Законот за безбедност на производите. Трговците ќе мора да бидат попретпазливи за робата што ја продаваат.
„Тие треба да поседуваат меѓународен сертификат за квалитет согласно Правилниците за безбедност на производите. Стоката мора да има соодветна шифра или ознака SE која треба да го потврдува квалитетот “ вели раководителот на охридскиот пазарен инспекторат.
Македонија на овој план црпи искуства од Словенија каде што веќе постои ваква лабараторија. Словенечките пазарни инспектори одамна ја испитуваат безбедноста на апаратите кои се користат во домаќинствата и на детските играчки. За оваа намена тие располагаат со буџет од 200.000 евра потенцира Бошалески.
{loadposition content9}