Skip to main content

Македонија силно против трговијата со дрога

Експерти од областа на борба против трговијата со наркотици денес во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
Konferencija
Конференција

Konferencija-borbaprotiv trgovija so drogaЕксперти од областа на борба против трговијата со наркотици денес во Охрид. Заеднички ќе се обидат да направат анализа на облиците на криминалните дејности со наркотиците,а ќе стане збор и за заедничките можности за соработка при борбата со овој вид криминал.

Нашата земја се наоѓа во самиот врв на земјите кои успешно се справуваат со трговијата со наркотици. Директорот на бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодороски информира дека веќе 4 години интензивно се работи на идентификација и лоцирање на криминалните групи кои работат со наркотици, во насока не само на запленување на товарот, туку уништување на криминалните организирани групи во целост. За тоа зборува резултатите и од синоќешната успешна акција.

„Во ноќешната акција заедно со Американската служба за борба против дрога и грчката служба, во Грција реализиравме околу 74 килограми хероин. Пронајдовме камион, информациите односно изворите кои ги даваат информациите се наши. Анализата ј правеа инспекторите од Единицата за борба против дрога при МВР. Успехот беше наш, а во содејство со турската служба“.

Konferencija-borba protiv trgovija so droga

Тодороски потенцира дека идејата на конференцијата е на едно место да се соберат сите експерти од областа на борбата против трговијата со дрога, со цел размена на искуства и методи во борбата и докажувањето на овие кривични дела. Луис Кортес, шефот на одделот за криминално разузнавање од Интерпол, информира дека со оваа конференција ќе се подобри интернационалната соработка во борбата против овој вид криминал. Кортес ја истакна улогата на Интерпол и помошта која ја нуди оваа организација.

Експертите кои учествуваа на Конференцијата, потенцираа дека хероинот доаѓа од Авганистан преку Турција, се дистрибуира во европските земји преку Балканот, а марихуаната главо патува од Албанија преку Македонија, а завршува во Грција. Д-р.Пјер Есеива од Лозана Швајцарија, кој работи на трговијата со дрога, потенцира дека најголемите проблеми Европа, а со тоа и Швајцарија ги има со хероинот кој доаѓа од балканот. Обично хероинот во Европа по овој пат доаѓа на тони, но само 5-10% од него се запленети од страна на европските служби, додава Есеива.

Директорот на Бирото за разузнавање, кажа дека само минатата година во нашава земја запленети биле еден тон дрога,  додека во првите пет месеци од годинава околу 600 килограми. Инаку на конференцијата акцентот ќе биде ставен на јакнењето и синхронизацијата на националните стратегии за борба против дрогата во земјиве во регионов, развојот на превентивните мерки во сузбивањето на дрогите како и зголемување на вештините и капацитетите на организациите преку размена на меѓусебни искуства.
{loadposition content9}