Skip to main content

Маратонско судење против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга денеска се одржаа рочишта за седум судски предмети, пет за незаконско поставување на директори на училишта, набавката на „аудито“ и за поставување на спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.
 |  инфодеск  | 

Во Основниот суд во Струга денес рочишта за седум судски предмети против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Пет се однесуваа за незаконско поставување на директори на училишта, Одбраната остана на ставот дека немало никакви неправилности при именувањето на директорите. Сведочеше поранешниот министер за образование од ДУИ Јетон Шаќири.

„Во конкретниов случај кога бев министер за образование и наука, тоа може да се потвди и од Секторот за основни и правни работи не е доставен кај мене целосен извештај, поради тоа што во комплетирање на документација или нешто недостасувало или не е доставено од страна на локалните самоуправи, просветниот инспекторат или училиштата.“ изјави Шакири.

Во суд денес влезе и поставувањето на спомен плоча на општинската зграда со која се велича фашистичката окупација на градот. .Мерко и за овој предмет се изјасни за невин.

Сведочеше актуелниот заменик министер за правда Ален Деребан.

„Покрај тоа што спомен-плочата е поставена спротивно на законот за меморијални споменици и спомен обележја, без да биде предвидена во програмата и без да биде донесена одлука за нејзино поставување уште поспорна е содржината на истата затоа што се повикува на периодот кога во сегашната зграда во која е сместена опшѓтинската администрација балистите како соработници на тогашните фашисти се спроведувала настава на албански јазик со фашистичка идеологија“, изјави Деребан.

Судскиот процес за предметот со набавката на аудито ќе почне од почеток поради промената на судечки судија. Одново ќе се одлучува дали има релативна застареност на делото.

„ Со оглед на тоа дека колешката замина сите предмети доаѓаат кај мене и кога се менува судијата . Има листа на докази има спорни докази мегутоа тоа ке го видиме на самата расправа.“ вели Јордан Јованов судија.

Против струшкиот градоначалник Мерко има девет обвиненија за несовесно работење во службата а од неодамна се најде и на црната листа на САД поради вмешаност во корупција.

Новинар Соња Рилковска