Масовна тепачка во ОУ „Нико Нестор“
Тројца ученици се полесно повредени во масовната тепачка помеѓу ученици Македонци и Албанци што се случи во Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга.
табла

Тепачката се случила вчера попладне, кога група од околу 40 млади нападнала четворица ученици. Во тепачката повредени биле Т.П. (18) од Вевчани и Д.С. (18) од Ресен.
Малку подоцна исто така поголема група ученици физички го нападнала А.Н. (18) од Охрид. Повредените биле пренесени во Градската болница во Струга, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Полицијата соопшти дека се трага по инволвираните во инцидентот. Од струшката гимназија информираат дека наставата денеска се одвива редовно со засилени дежурства на наставниците.

{loadposition content9}