Skip to main content

Матурантите на страна

Во струшката чаршија ги нема таблоата на годинашните матуранти. Со ова умира една значајна  традиција. ТВМ истражуваше кои се причините за оваа појава.

 |  Билјана Николовска  | 
maturanti
матуранти
maturantiУбавата традиција не би требало да се наруши. Матурските таблоа секоја година привлекуваат големо внимание во јавноста. Луѓето се љубопитни да видат кои се лицата на годинешните матуранти. Но, годинава тоа не им беше овозможено. Имено, во струшката чашија на препознатливите места, излозите од дуќаните не сретнавме матурско табло. Стружани велат дека местото на таблоата им е тука и не смее да се дозволи оваа традиција да згасне.
Директорот на СОУ „Нико Нестор“, Никола Затуроски, вели дека веќе има истакнати таблоа на матуранти, но тие не се на очекуваните излози.
Раководителот на секторот за образование од Струга Џеми Хајредини вели дека постојат работи во образовниот сектор каде на директорите им била дозволена флексибилност. „Во нашиот сектор не е регистриран ваков проблем, а доколку постои локалната може да го реши“ додаде тој.
Одговорните ветуваат дека ќе се корегираат за наредната година. А, матурантите во Струга веќе отпочнаа со прослава. Нашата камера регистрира дел од нив кои симболично  ја одбележаа разделбата, со песна и оро.
{loadposition content9}