На 03.05.2022 година во 22:20 часот, полициски службеници од полициската канцеларија во струшкото село Велешта го приведоа А.Х. (36) од селото Лабуништа.
Тој, претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.