71-годишен маж бил прегазен од трактор во сопствениот двор во Мислешево
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

71-годишен жител на струшкото село Мислешево се здобил со повреди откако бил прегазен од трактор во сопствениот двор.
Според информациите од СВР Охрид, настанот бил пријавен на 13 октомври во 11:29 часот во ОВР Струга. Додека работел на трактор „ИМТ 539“, возилото се придвижило и го прегазило со задното тркало. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што му биле констатирани повредите.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



