Skip to main content

Медицински стипендии за македонските Роми

Претставници од Програмата за Ромско здравје во Средното медицинско училиште „Нико Нестор“ во Струга  ги запознаваа учениците-роми за начинот на кој може да се аплицира.

 |  Мишел Наумоски  | 

Можностите се нудат на рака, но нема кој да посегне!
Македонските Роми преку посебна електронска апликација ќе можат да аплицираат за добивање на Медицинска стипендија. Оваа стипендија е достапна за сите средношколци, студенти, дури и постдипломци, специјализанти и стажанти на медицина. Оваа стипендија е дел од Програмата за Ромско здравје, а се реализира во изминативе две години. Конкурсот е отворен од 4ти Април и трае до 30ти Мај.

Програмата за Ромско здравје ја спроведува Фондацијата Отворено општество-Македонија, а финансиски подржувачи се Ромскиот образовен фонд и Фондацијата Отворено општество-Будимпешта.

„Нашата цел е да креираме лидери и сите тие лидери да бидат вклучени во креирањето јавни политики во областа на здравјето така што стипендијата им овозможува да го завршат нивното образование, средношколците да се запишат на додипломски студии или да го продолжат нивното образование, а сите останати студенти еден ден да станат лекари, специјализанти и како што кажав да се надоврземе на нашата главна цел, јакнење т.е креирање на лидери. Поради тоа што сметаме дека нема доволно Роми кои што се од оваа област и кои што може понатаму да помагаат.“-рече Ајсел Мемет-Координатор на програмата

Во времиња кога се води непоштедна битка со дискриминацијата, посебно на етничка основа, клучно достигнување е обезбедувањето на еднакви можности за образование на сите граѓани на државава. Сепак ова како да не е доволно. Иако стипендијата нуди одлични можности за надоградување на учениците и студентите-Роми, оваа презентација поминува скоро незабележано. Малиот број на присутни ученици се закани да го убие ентузијазмот кај презентерите на програмата, но се надеваме со медиумската подршка овој проект ќе го задржи вниманието кај многу поголем број ученици.


{loadposition content9}