Меѓуетничките односи во струшките училишта – стабилни
Директорите на двете средни Струшки училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, уверуваат дека меѓуетничките односи во овие образовни институции се стабилни. Тие откриваат дека по неодамнешниот инцидент, тепачката меѓу ученици од Охрид и Струга на автобуската постојка, во училиштата повеќе се зборувало за меѓуетничка толеранција.
Ibraim Temo

Првите луѓе на Нико Нестор и Ибраим Темо велат дека постојано работат на елиминирање на насилството меѓу учениците албанци, турци и македонци. „Последната тепачката меѓу деветмината ученици од различна национална припадност е изолиран случај, затоа што одамна заврши меѓуетничката нетрпеливост кај средношколците во Струга“, вели првиот човек на Ибраим Темо, директорот Урим Крека.
„ После 2009 година до ден денес меѓуетничките односи се на високо ниво. Тоа се постигнува со разни проекти каде што учествуваат учениците кои учат на албански,турски и македонски наставен јазик“,вели директорот на ОСУ Ибраим Темо Урим Крека.
Надлежните признаваат дека не е лесно да се воспитуваат илјадници ученици со различни сфаќања, навики и обичаи.
„Учениците некогаш се оставени сами на себе од страна на родителите ние со сите педагошки мерки се обидуваме тоа да го надоместиме. Се надевам дека барем досега ја имаме состојбата под контрола , вели директор на ОСУ Нико Нестор, Васил Максимовски.
И Крека и Максимовски како директори на училишта во кои се одвива настава во мешовити паралелки велат дека прават се, никогаш да не се повторат инцидентите од 2009 година, година која ја паметиме по секојдневните масовни тепачки меѓу учениците македонци и албанци.
{loadposition content9}