Меѓународниот универзитет во Струга доби нов, современ објект
По три години постоење Меѓународниот Универзитет во Струга се прошири во нов објект со површина од 2.500 метри квадратни. Современиот објект според Болоњската декларација располага со 10 простории со 30 седишта и три амфитеатри.
По три години постоење Меѓународниот Универзитет во Струга се прошири во нов објект со површина од 2.500 метри квадратни. Современиот објект според Болоњската декларација располага со 10 простории со 30 седишта и три амфитеатри. Професор д-р Армен Кадриу од економскиот факултет на Меѓународниот Универзитет истакна дека идните очекувања од оваа високо образовна институција се да прерасне во Универзитетски центар каде што ќе студираат студенти од регионот на Југоисточна Европа.
На свеченоста присуствуваа ректорот проф д-р Лисен Башкурти, деканите на факултетите, како и голем број професори. Поканети беа и министрите за образование и наука, Никола Тодоров од Македонија и Мучарем Тафаш од Албанија. Македонскиот министер за образование и наука иако го најавил своето доаѓање, сепак не ги удостои со своја посета, заради неодложни работни обврски. Албанскиот министер Мучарем Тафаш, пак пред присутните одржа едночасовно свечено предавање. При тоа истакна „ Сите министри за образование и наука на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија работат заедно за што побрзо да го интегрираат виското образование според Болоњската декларација и стандардите на Еразмус Мундус“.
На Меѓународниот Универзитет во Струга функционираат три факултети и два институти. Студираат 842 студенти од кои 20 проценти се на мастер студии и 80 проценти на Бечалор студии. Нешто повеќе од половина на студентите се од Македонија, а останатите се од Албанија, Косово Црна Гора, Србија, Чешка и Турција.
{loadposition content9}