Меѓурелигискиот дијалог предизвик или визија?
Младите се зафатија за работа и седнаа на маса на меѓурелигиска комуникација. Од денес па во наредните 7 дена во Хотел „Дрим“, 30 учесници од 29 земји од Европа и надвор од неа ќе бидат на обука во Струга. Тема на обуката е да се овозможи простор за споделување и создавање на нови концепти на меѓурелигискиот дијалог адресиран на младински работници кои што работат во различни културни и религиски опкружувања. Претставникот од центарот за меѓурелигиски дијалог Линдита Реџепи од Куманово, рече дека време е да се види дали младите можат да се соберат и да разговараат на ова поле, колку постои меѓурелигискиот дијалог и кои се предизвиците во младинската работа.
Реџепи, категорична дека меѓурелигискиот дијалог меѓу младинската работа е специфично нешто посебно кога се работи на интернационално ниво. Додава дека едукативниот метод на оваа обука е развиен од група тренери, базирано на целите на проектот. Реџепи изјави дека учесниците се поканети да кажат дали тие се пронаѓаат себе си во процесот на учење, што тие би сакале да учат, а се тоа поврзано со индивидуалните искуства.
Целта на оваа обука е да ги припреми учесниците да работат на религиозни проблеми и да промовираат дијалог помеѓу младите од различни религии во интернационалната младинска работа. Исто така цел на програмата е да им даде на учесниците да можат да учат едни од други и од искуствата со кои тие ќе се сретнат во текот на проектот. Според Реџепи предизвик од ваквиот дијалог е да се собере различноста и да се увиди колку сме различни, а заедничко е младинската работа. Во текот на обуката учесниците имаат различни активности преку неформално образование, посета на верски објекти во Струга, како и разгледување на Охрид лулката на македонската култура.
{loadposition content9}