Мерко и Фијат во втор круг
За градоначалничката функција на Струга ќе се борат Рамиз Мерко и Фијат Цаноски. Според досегашните резултати за овие кандидати ќе се гласа и во следниот круг. Граѓаните очекуваат состојбата во Струга да тргне во нагорна линија, без разлика кој ќе раководи со градот.

Актуелниот градоначалник од ДУИ, Рамиз Мерко и Фијат Цаноски од ПЕИ, се двајцата кандидати кои ќе се тркаат во вториот круг за градоначалничката функција на О.Струга. Без разлика кој ќе победи стружани очекуваат да се смени состојбата во градот.
На вчерашните локални избори, Мерко освои вкупно 9 162 гласови а Цаноски 7 332. За кандидатот од ПЕИ, победата била сигурна и предвреме загарантирана.
Цаноски упати порака до граѓаните на Струга, добро да ја разгледаат програмата која тој ја нуди, и да отценат дали тие во втриот круг треба да ја дадат довербата за него или неговиот конкурент од ДУИ. Рамиз Мерко пак е уверен дека и следниот круг ќе победи убедливо исто како и овој пат.
Во втриот круг одлучивачки ќе бидат гласовите кои им бие дадени на кандидатите кои испаднаа во првиот круг. Неофицијално ТВМ дознава дека кандидатот од ДУИ во вториот круг ќе го подржи ДПА, Вмро Дпмне се шпекулира дека ќе застане на страна на кандидатот од ПЕИ, додека помалите партии дополнително ќе одлучат зад кој кандидат ќе подржат.
{loadposition content9}