Skip to main content

Мерко и денес на обвинителна клупа, три судски рочишта за незаконско поставување директори

Струшкиот градоначалник и денес на обвинителна клупа, три судски рочишта за незаконско поставување директори. Дел од сведоците донесени со полициска асистенција. Во целиот судски процес најголем предизвик е физичкото обезбедување на сведоците.
 |  инфодеск  | 

Во струшкиот суд, три рочишта  против градоначалникот Рамиз Мерко, за незаконско поставување директори на училишта. Дел од сведоците беа спроведени со полициска асистенција, но еден поради здравствени причини повторно не се појави. Судијата рече дека обезбедени се  сите механизми и  тој ќе  биде донесен на следната расправа, а во јуни се очекува завршница.

Во целиот судски процес најголем предизвик е физичкото обезбедување на сведоците.

Ние сме дојдени до таа фаза од постапката кога сме ја изцрпиле листата на докази. Уште овој сведок остана и на странките им најавив дека на наредната расправа ќе се сослуша и овој сведок и обвинетите и предметот ќе биде завршен. Процесот на обезбедување на сведоците беше тежок, но со вложување на поголеми напори и со координација на сите засегнати страни во постапката, вклучително и на полицијата гледаме дека полека доаѓаме до некоја завршница“, рече судијата Јордан Јованов.

Одбраната на директорката на училиштето во Велешта, Егзона Шеи, која се товари за фалсифуикување на исправа, а била именувана без искуство од 5 години и не била од редот на вработените во школото, тврди дека таа нема вина.

-Се гони некој за фалсификување за облик од тоа кривично дело ‘Употреба на фалсификувана исправа’ без да се утврди, да се даде доказ дека станува збор за фалсификувана исправа и без да се покрени било која постапка против тие што ја фалсификувале исправата. Затоа очигледно е дека тука нешто не е во ред, а ние тоа ќе го докажиме во текот на доказната постапка и сослушувањето на обвинетите“, рече Димитрија Цобоски, адвокат на обвинетата Егзона Шеи.

Против струшкиот градоначалник Мерко има вкупно девет обвиненија за несовесно работење во службата. Обвинителството го товари за незаконско назначување директори во пет училишта, , обвинети се уште тројца вработени за  „Несовесно работење во службата“ и ,„Фалсификување исправи“.

Новинар Соња Рилковска