Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се изјасна дека не чувствува вина за незаконско назначување директори во четири училишта. Во судот денес се одржа главната расправа за четири дела против Мерко за несовесно работење во службата. Три ќе се водат во еден судски процес, а еден предмет засебен за училиштето во Велешта, бидејки таму обвинителство откри и к.д. фалсификување за што обвинети се четири лица.
Во струшкиот суд се одржа главната расправа против Мерко за незаконско назначување на директори во четири училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и Браќа Миладиновци во Струга. Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко рече дека не чувствува вина за делата кои го товари јавно обвинителство несовесно работење во службата. Исказ даваше Аден Ајдарсоски, кој три мандати директорувал во училиштето во Подгорци, а годинава си поднел оставка на барање на Антикорупциска комисија.
Ајдароски не исполнувал услови, немал пет годишно работно искуство и не бил од редот на вработените.
„Ние имаме докази и тоа ќе го докажеме дека и ќе докажеме дека се сторени такви кривични дела. Судот ќе одлучи колку ќе осуди тоа ќе го видеме во текот на постапката ако не се согласиме со пресудата ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд”, вели Лога јавен обвинител од Струга.
Против струшкиот градоначалник се водат четири предмети за незаконско поставување на директори, а во училиштето во село Велешта има и кривично дело фалсификување при што се обвинети четири лица.
„Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се повеќе обвинети, четворица а за другите училишта еден предмет три псоатпки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата дел од вработените се гонат за фалсификување, значи две кривични дела”, вели Јордан Јованов судија.
Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци и му кажал на директорот дека незаконски е именуван, но инспекторатот не повел постапка. Судскиот процес за училиштето во Велешта се одложи за 05 јули.
Новинар Соња Рилковска