Месопреработувач – нов профил во „Нико Нестор“ Струга
Економската и здравствената струка како едни од најатрактивните и најпосакувани кај средношколците, максимално се исполнети во „Нико Нестор“ во Струга. Директорот на училиштето Миле Попоски за престојната учебна 2017, 2018 најави нов профил во хемиско технолошката струка, месопреработувач.
Сеуште има слободни места во Средното општинско училиште Нико Нестор од Струга. Голем е бројот на ученици кои не се запишани во јунскиот и августовскиот уписен рок во струките кои се застапени во ова училиште открива новиот директор на оваа установа Миле Попоски. Тој додава дека сите тие имаат уште една шанса во слободниот упис кој ќе биде на почетокот на месец септември.
„Имаме геодетска струка, техничар и архитектонска струка што се застапени само во нашево училиште од регионов и повеќето ученици се запишуваат од нашиов регион, малку доаѓаат од соседните општини, имаме неколку од Охрид, Дебар и Кичево“
Попоски вели дека откако седнал на директорската позиција негова основна заложба била издигнување на образовниот процес на повисоко ниво, со цел да продуцираат што поквалитетни кадри. Во тој контекс најави и новина за престојната учебна 2017 – 2018 год.
„Оваа година започнуваме во хемиско технолошката струка со нов профил месопреработувач, еве за почеток има некој интерес и очекуваме да се допополнат неколкуте слободни места и понатака да го развиваме и овој профил како доста атрактивен бидејќи сметаме дека ќе биде предизвик и за самите ученици, но и за потребите на пазарот на трудот“
Во Средното општинско училиште „Нико Нестор“ вкупно се запишани 209 ученици на македонска настава и 160 во албанска настава. Слободни места има 97 во македонската, а 180 во албанската. Инаку во ова училиште ги има следниве струки: градежно – геодетска со два профили архитектура и архитектонски техничар, електротехничка, текстилна, хемиско – технолошка, економска, здравствена и угостителска струка.