Михајло Ноневски сам и се предаде на полицијата
Еден од учесниците во оружената престрелка кај струшкото Пливалиште, Михајло Нонески, синоќа ѝ се предаде на струшката полиција.
Нонески, кој во инцидентот се здоби со прострелна рана, пред неколку дена избега од струшката општа болница каде беше примен на болничко лекување. Го искористил моментот кога се вршела смена на полициските службеници и побегнал преку прозорец.
– Откако дознал дека полицијата му е во трага и оти е само прашање на време кога со судски налог ќе биде уапсен, сам се предаде во полициската станица во Струга, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
На Нонески, заедно со Александар Верушевски, им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Во престрелката што се случи на 19 јануари беа ранети три лица од кои две со огнено оружје, а едно беше повредено со нож.
{loadposition content9}