Струга доби мини багер од Бирото за регионален развој за одржување на водоводната мрежа
Набавката на мини багерот ќе помогне за подобро одржување на водоводната мрежа и поефикасно функционирање на комуналната инфраструктура во општината.

Општина Струга доби мини багер наменет за одржување и санирање на водоводната мрежа на територијата на општината, преку проектот „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој 2026“, поддржан од Бирото за регионален развој.
Проектот е аплициран од страна на Југозападниот плански регион, а набавката на оваа механизација ќе придонесе за побрзи, поефикасни и навремени интервенции при дефекти и одржување на водоводната инфраструктура.
Со оваа инвестиција се зајакнуваат техничките капацитети на Општина Струга, што ќе овозможи подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги во интерес на граѓаните.







