Skip to main content

Министерот Бајрами во Струга

Семинар за зајакнување на капацитетот на Државниот инспекторат за труд.

 |  Татјана Маленкова  | 
Dzelal Bajrami
Џељаљ Бајрами
Во Струга се расправа за измените на законот за работни односи и за законот за безбедност и здравје.Минисрерството за труд и социјала, прво ќе ги подучува работодавците, а потоа и ќе ги казнува. На денешната средба, Министерот Бајрами, рече дека зајакнатиот инспекциски надзор дава резултати и во областа на намалувањето на бројот на корисници на социјална помош.

Стотина инспектори од Државниот инспекторат за труд, претставници од министерствата за здравство, за правда, за труд и социјална политика, од Институтот за медицината на трудот, како и обучувачи од Агенцијата за вработување, во Струга ќе се запознаат со измените во трудовото законодавство. Следниве три дена тие ќе дискутираат и за измените на законот за работни односи и за законот за безбедност и здравје.„Законските измени претежно се се однесуваат на работодавците кои го прекршуваат законот за работни односи, рече министерот за труд социјална политика Џељаљ Бајрами.

„Согласно новите измени прекршочните постапки ќе се завршуваат во министерството при што сме обврзани да формираме прекршочна комисија која ќе решава по записниците доставени од инспекторот“,рече министерот  Бајрами.

Dzelal BajramiТој искажа задоволство од потегот на Државниот инспекторат за труд кој има изготвено 140 илјади брошури, што ќе бидат дистрибуирани пред се до работодавачите, со цел да им помогне за правилна примена на прописите и да се избегнат несаканите мерки што произлегуваат од неприменувањето на истите.

Директорот на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) Горан Јовановски, на отворањето на семинарот истакна дека средбата има за цел подобро запознавање на работодавачите со одредбите од измените на Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа, како и обука на инспекторите за спроведување на законската регулатива. Тој додаде дека долг период инспекторите немале обука а во меѓувреме имаше многу измени.

На денешната средба, Министерот Бајрами, рече дека зајакнатиот инспекциски надзор дава резултати и во областа на намалувањето на бројот корисници на социјална помош.„За среќа, се намалува бројот на корисници на социјална помош, што е добар знак кој покажува дека мерките што ги презема Владата во насока на зголемување на бројот на вработувањата даваат резултат“, истакна министерот Џељаљ Бајрами.

 

 

{loadposition content9}