Skip to main content

Мирко Димоски го фати крстот во Струга

„Овој ден е отсекогаш посебен за мене“, изјави годинешниот фаќач на крстот во Струга, Мирко Димоски.

 |  Билјана Николовска  | 
vodici
Водици


vodici„Овој ден е отсекогаш посебен за мене“, изјави годинешниот фаќач на крстот во Струга, Мирко Димоски.

На големиот христијански празник Водици, Димоски години наназад скока во водите на реката Црн Дрим, но годинава за прв пат излегува со полни раце, светиот крст.

„Поминав низ голема толпа верници и не можам да ги пронајдам вистинските зборови со кои можам да ги пренесам моите чуства“, рече Димоски.


Годинешен кум на манифестацијата Водици, е Петко Кутаноски, овојпат во име на Т. А. Балкан Нет. Тој рече дека биле преземени сите потребни мерки на безбедност за овој ден. Додаде дека овој пат и нивото на водата во реката Црн Дрим било подигнато, како би можеле верниците полесно да наполнат од светата вода.

Mirko Dimoski so krstot




Меѓу насобраната толпа на луѓе беше и Јоне Кочо. Чуството да се биде фаќач на светиот крст, тој го има доживеано уште во 1945 година. Многу спомени, емоции, поврзани за овој ден кажа Кочо. Но не испушти да раскаже и за годината кога стружани го фатиле крстот и во Струга и во Охрид.


Во Струга светитот чин на фрлањето на крстот во водите на реката на Црн Дрим го следеа околу 10 000 посетители. Мостот и двата кеја на реката за нецели 10 минути се исполнија со врвулици од луѓе кои доаѓаа од сите страни на градот.

 


{loadposition content9}