Во општина Струга гласањето се одвива тековно , без поголеми технички проблеми и без нарушувања на процесот. До ОИК е поднесена една жалба од лице кое не било на избирачкиот список, информира Претседателот на ОИК, Минир Жута и тоа е доставено до ДИК на одлучување.
Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани. Излезноста до 15 часот е 23 %.
Гласањето и во општина Вевчани се одвива непречено и во најдобар ред. Имало неколку приговори од граѓани кои не биле на избирачкиот список по кои се постапува, информира претседателката на ОИК Вевчани, Менка Кукоска. Во Вевчани на 3 избирачки места гласаат 2071 граѓанин од кои до 15 часот своето право на глас го оствариле 45,36%.