Skip to main content

Млади архитекти од цела Европа ќе работат на нов изглед на градскиот плоштад во Струга

Изработката на нови архитектонски решенија преку слушање на јавното мислење е крајната цел на проектот „Градот кој никогаш не спие“. Во рамките на овој проект, 15 архитекти и дизајнери дваесетина дена ќе креираат нови урбани решенија за градот на поезијата.

 

 |  Мишел Наумоски  | 
arhitekti struga
архитекти струга

Нов архитектонски изглед на градот на мостовите, соседна Струга. Петнаесетина млади студенти по архитектура, архитекти и дизајнери во наредните дваесет дена ќе работат на осмислување на нови урбани решенија за градскиот плоштад и воопшто централното градско подрачје во Струга. Според студентот од Техничкиот универзитет во Виена, Гоце Чавкоски, една од главните цели на проектот „Градот кој никогаш не спие“ е да се дојде до архитектонско решение со кое сите граѓани ќе се задоволни и во чие создавање сите граѓани ќе учествуваат.

struga nov izgled„Треба да придонесеме и да дадеме еден поинаков тек на изработка, промена, развој и долгорочна културна платформа, реевалуација на градскиот плоштад како јавен простор и интервенција на предлози за велосипедски патеки. Се надевам дека во еден поинаков тек и транспарентен однос, затоа што со целата ситуација досега не сум видел дека архитектурата се третира како еден јавен процес, каде што се надевам дека ќе ги инволвираме сите граѓани, ќе го слушнеме целото мислење и на крај ќе донесеме еден квалитетен и транспарентен заеднички проект со кој сите граѓани во оваа општина ќе бидат задоволни.“-вели стружанецот Гоце Чавкоски, студент на Техничкиот универзитет во Виена.

Свој удел во новата визија за Струга, има и архитектот Енрит Кадриу од соседно Косово. Тој во моментот работи на проект за изградба на еко-село во Косово, искуство за кое смета дека во голема мера може да придонесе и за користење на слични концепти и во Струга.

gradot koj nikogas ne spie„Проектот за еко-село во Косово го започна организацијата Унавижн која е меѓународна организација која ја има и во Косово и во Македонија. Оваа организација ги собра на едно место младите луѓе од Косово од различни сфери, од архитектура, економија, психологија и сакаме да создадеме една заедница, просторна заедница на луѓе кои ќе може да комуницираат со просторот, со природата и да живееме еколошки живот.Во моментов проектот е во почетна фаза на проектирање, планираме да изградиме околу 300 куќи. Сите куќи ќе бидат изградени со еколошки материјали и материјали кои може да се рециклираат.“-рече Кадриу.

Инаку проектот „Градот кој никогаш не спие“ е организиран од асоцијацијата „Креативни и активни“, со поддршка на Фондот за развој „Принц Клаус“ од Холандија, а во соработка со општина Струга. Студентите, архитектите и дизајнерите во наредните дваесет дена ќе одржат бројни работилници, на крајот од кој ќе треба да се изработат идејни решенија за новиот изглед на дел од централното подрачје на Струга.

{loadposition content9}