©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Преку дигитални алатки

Младинско учество во демократски процеси

NEUYET проектот, кој е поддржан од Еразмус+ програмата обезбедува 8 иницијативи за младинско демократско ангажирање и учество за младите од Италија, Грција, Франција, Кипар, Македонија и Норвешка.
 |  инфодеск  | 
Проект за млади

NEUEYT проектот (Нова рамка за демократско учество и ангажман на недоволно застапени млади од Европа) има за цел да ги поттикне и активира младите во демократско учество, со посебен фокус кон младите луѓе во руралните области и маргинализираните млади на кои повеќе им е потребна вклученост, за да учествуваат во соодветен дијалог со креаторите на политиките.

NEUYET проектот, кој е поддржан од Еразмус+ програмата обезбедува 8 иницијативи за младинско демократско ангажирање и учество за младите од Италија, Грција, Франција, Кипар, Македонија и Норвешка.

Сите партнери од проектот заедно ја создадоа рамката од NEUEYT 8 иницијативи за младите, именувани како: Self advocacy Influencers, We and Us Panel, Voice Up, Part Me, Silent Debate, Six steps to participation in civic and democratic processes, Pinpointed, Road map to digital youth council.

Во нашата земја, невладината организација Порака Нова – Струга како еден од партнерите во овој проект моментално имплементира две од овие иницијативи, а третата ќе започне во октомври.

Проект за млади

Самозастапувачи инфлуенсер (Self advocacy Influencers) – Самозастапување инфлуенсер е активност која има за цел да ги натера младите од недоволно застапените заедници да работат во парови со други млади кои ќе им бидат ментори.

Тие работат на модули фокусирани на стекнување знаење за работа со социјалните медиуми и изразување преку различни дигитални алатки. Моментално 10 млади од неколку градови од Македонија преку онлајн обуки се стекнуваат со знаење како да креираат свои веб страници преку кои ќе се себе застапуваат и темите од нивен интерес.

Панелот „Ние и ние“(We & Us panel) – е дизајниран со цел да ги одржи младите да им дадат соодветна формулација на нивните потреби, и да ги прикажат на вистинските чинители во општеството (креатори на политики и засегнати страни).

11 млади луѓе од Македонија и Италија во моментов спроведуваат истражување со цел да дознаат за интересот на младите и подоцна да ги претстават заклучоците и интересите на младите пред креаторите на политиките.

Тивка дебата (Silent debate) –  ќе се започне со имплементација оваа есен, а има за цел да им даде можност на младите да се изразат на неколку актуелни теми преку учење како да дебатираат и разменуваат меѓу себе и  со креаторите на политиките.

Повеќе информации може да се најдат на официјалната веб страница:  

Home

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top