Skip to main content

ММФ во Македонија, ако затреба

Македонија склучи договор со Меѓународниот монетарен фонд  за кредитна линија за претпазливост. Во следниве две години на земјата ќе и бидат на располагање 480 милиони евра.

 |  Билјана Николовска  | 
IMF
ММФ
Паднаа во вода изјавите на Вицегувернерот на НБ на Р. Македонија Димитар Богов. Имено, пред нецели шест месеци Богов во Охрид, на Меѓународната конференција на ЕФСЕ, изјави дека македонската економија е силна и стабилна и не и треба аранжман на Меѓународниот Монетарен Фонд.

IMF
Владата сепак одлучи да склучи договор со ММФ и да земе пари за недај боже. Првите пари од ММФ земјата ќе може да ги повлече од средината на јануари следната година. Кредитната линија за претпазливост според изјавите на претставниците на ММФ е достапна само за земјите-членки на ММФ кои имаат здрави економски основи и политики, а кои немаат потреба од финансирање, но се соочуваат со ризици што би можеле да доведат до таква потреба. Македонија е првата земја-членка на ММФ, која ќе го користи новиот вид на кредитна линија  за претпазливост. ММФ ќе врши контрола на начинот на влечење на парите на секои шест месеци. Склучувањето на Договорот го поздрави и министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој смета дека овој договор е уште една потврда дека Македонија води здрава економска политика и дека овој Договор уште повеќе ќе ја зголеми довербата во земјава на странските инвеститори и кредитори. Ставрески исто така смета дека земјата во моментов нема потреба од средствата на ММФ, но добро е што земјата ќе ги има доколку и затребаат. Договорот го поздрави и гувернерот на Народна банка, Петар Гошев. Тој смета дека Македонија е подготвена за нови задолжувања и дека договорот е поволен и за монетарната политика која ќе може да остане на оваа релаксирано ниво.


{loadposition content9}