Мобинг има но тешко се докажува
Мобингот се поприсутен и во нашата средина. Се почесто има пријави за вознемирување на работниците и во приватните фирми и во јавните служби истакнува Драган Цветаноски од ОО Сојузот на синдикати.
Мобингот се поприсутен и во нашата средина. Се почесто има пријави за вознемирување на работниците и во приватните фирми и во јавните служби истакнува Драган Цветаноски од ОО Сојузот на синдикати.
„Во регионот на Охрид до општинската синдикална организација има пријави од работници, но тие претежно сакаат да останат анонимни. Стравуваат дека ќе останат без работа“ -појаснува Цветаноски.
Во Охрид досега нема случај ни на покрената судска постапка и покрај сознанијата дека има мобинг врз работниците, кажува Цветаноски.
Причината за ваквата ситуација е во тоа што разните видови вознемирувања тешко се докажуваат.
„За да се казни оној што го прави мибингот потребни се писмени докази.“ -додава охридскиот синдикалец.
Работниците најпрво треба да не се плашат и да се обратат до синдикалната организација или до лицето за заштита при работа за да добијат писмен документ дека биле мобирани. Да ги контактираат и психолозите при социјалната медицина на трудот и со доказите да поведат судска постапка против оној кој ги вознемирувал на работното место.
Во анкетите спроведени од Сојузот на синдикатите на Македонија е констатирано дека во најголем процент биле вознемирувани жените. На работните места биле психички понижувани и навредувани со крајна цел да го напуштат работното место. Од оваа намера не се поштедени ни мажите. Вознемирувањето се прави со намалување на платата, оневозможување напредок во службата и скратена квалификација и натамошно усовршување.
Заштитата од вознемирување на работното место е регулирано во неколку законски акти и во Уставот на РМ. Со дополнувањата од октомври 2009 година се чека усвојувањето и на посебниот Закон за мобинг. Тој треба да се најде пред пратениците во законодавниот дом и да биде усвоен објаснува, Цветаноски.
{loadposition content}