Skip to main content

Мојсоска: Програмата на Левица изобилува со социјални мерки кои ги нема кај другите партии

Црната кампања за наводна коалиција на Левица со ДУИ, која ја води власта нема да помине на овие избори, и истата само покажува дека власта се плаши и го докажува нашиот раст кој мислам дека ќе кулминира на овие локални избори, порача пратеничката Јована Мојсоска, кандидатка за Градоначалничка на Струга.
 |  инфодеск  | 

Црната кампања за наводна коалиција на Левица со ДУИ, која ја води власта нема да помине на овие избори, и истата само покажува дека власта се плаши и го докажува нашиот раст кој мислам дека ќе кулминира на овие локални избори, порача пратеничката Јована Мојсоска, кандидатка за Градоначалничка на Струга. Таа викендов заедно со претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев и кандидатите за советници на средби со граѓаните ја претставуваа изборната програмата.

„Првиот приоритет за Општина Струга за нас уште првиот месец ќе биде да воведиме конечно пренос на седници затоа што Струга е една од ретките која нема пренос од седници. Дефинитивно она што е дел од нашата програма, а и јас како жена сметам дека она што конечно треба да се спроведе е отворање на шелтер центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство затоа што моментално ситуацијата е таква што единствено во Охрид функционира таков шелтер центар кој покрива регион од речиси 200 000 жители. Сметам дека тоа треба да биде еден од приоритетите на идната власт , исто така и отворање на центар за деца и лица со попреченост затоа што ние гледаме дека за жал тие лица живеат се уште на маргините и не добиваат соодветна системска поддршка така што јас приоритет би ставила на тие проекти кои се однесуваат на најранливите категории на луѓе и нашата програма изобилува со социјални мерки кои ги нема кај другите партии.“ – кажа Јована Мојсоска, кандидатка за Градоначалник на Општина Струга.