Градоначалникот Рамис Мерко вчера се сретна со реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“.
„На средбата се разговараше за моменталната состојба со крајбрежјето и предизвиците со кои се соочува општина Струга, како и кои се најсоодветни чекори за во иднина со цел заштита на крајбрежјето и подобра урбана организација. Целта на средбата беше проценка на моменталната состојба на заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и споделување на насоки за идните активности за соодветна заштита.“ – информираа од Општина Струга.