Нова монографија посветена на Вевчани вчера му беше врачена на градоначалникот Спасе Кочоски, станува збор за делото „Вевчани – родови, потомци и судбини“ од авторот Анастас Ќушкоски.
Книгата е издадена со финансиска поддршка на Општина Вевчани и претставува значаен придонес во зачувувањето на локалната историја и традиција. Во монографијата се опфатени родослови, семејни приказни и лични судбини, преку кои се прикажува животот на генерации Вевчанци, нивната улога во заедницата и вредностите што се пренесуваат низ времето.
-Овие трајни вредности ја чуваат меморијата за предците, нивните имиња, животи и улоги во заедницата. Преку овие записи се гради чувство на припадност и континуитет меѓу генерациите, изјави Кочоски.
Дополнително, делото ја нагласува моралната вредност на поединецот, семејството и заедницата, а вевчанскиот родослов се издвојува како пример со пошироко значење, не само локално, туку и за македонската нација.