Мостот на Нина до на лето готов или не ?!
„Мостот на Нина“, како што го нарекуваат стружани, или дрвениот мост во Струга, и покрај ветувањата на надлежните дека ќе го санираат, сеуште се наоѓа во незавидна состојба. И покрај предупредувачката табла за опасност од тука секојдневно поминуваат многу луѓе, свесно или не превземајќи си го ризикот врз себе.
Во врска со овој проблем првично како најповикан се почуствува првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Петко Кутаноски. Тој пред камерата на ТВМ уште во месец јули минатата година вети оти до крај на 2010 стружани ќе добијат нов и безбеден мост.
За крајно лошата состојба на мостот свесен и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. За тоа, зошто толку време се чека, градоначалникот со објаснување, дека се бара сигурно решение од сериозни понудувачи со реални побарувања.
За зафатот кој треба да се превземе на „Мостот на Нина“, потребни се два проекти, еден за рушење на стариот, дотрајан и небезбеден мост, а вториот за изградба на нов. Целокупната финансиска конструкција за стружани да добијат нов и сигурен мост е околу 12 милиони денари. Да се надеваме дека овојпат ветувањата на градоначалникот Мерко дека до почеток на летната сезона на ова место ќе никне нов мост ќе бидат реални.
{loadposition content9}