„Мостот на Нина“ конечно заминува во историјата
Денес започнаа зафатити за демонтирање на дрвениот мост во Струга, познат како „Мостот на Нина“.
Денес започнаа градежните зафати за демонтирање на овој мост. Уште во раните утрински часови, екипите на ЈП. „Комунално“ започнаа со отстранување на металните огради од мостот, за да подоцна започнат и со отстранување на неговите дрвени елементи. Инаку, овој мост повеќе од година дена беше навидум затворен за минувачите поради опасност, за да конечно дојде ред и за негова реконструкција и санација.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко неодамна информира дека решавањето на овој инфраструктурен проблем е на агендата, а дека се чекало само на избор на изведувач. Вчерашниот ден беше последниот од јавниот повик за избор на најповолен изведувач. Струшкиот градоначалник потенцираше дека за зафатот кој треба да се превземе врз „Мостот на Нина“, потребни се два проекти, еден за идејно решение, а вториот за изградба на новиот мост. Целокупната финансиска конструкција за стружани да добијат нов и сигурен мост е околу 12 милиони денари.